Утрински Весник
Политички Партии

Маричиќ: Како Влада сторивме се, сега на ред е Европскиот совет

Маричиќ: Како Влада сторивме се, сега на ред е Европскиот совет

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со Република Северна Македонија и како Влада сторивме буквално се за да ги исполниме потребните реформи. Сега на ред е Европскиот совет, кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и методологијата и да ги отвори преговорите со ЕУ. Со право очекуваме онаа стратешка грешка што беше направена во октомври да се исправи и што поскоро РСМ да ги започне преговорите за членство во ЕУ, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка, Бојан Маричиќ.

– Самитот на ЕУ во Загреб е во мај. Заклучокот на Европскиот совет од октомври е дека на ова прашање повторно треба да се наврати пред Самитот во мај. Она што беше наша задача ние го завршивме и тоа за нас беше клучно, дека нема никакви изговори и причини зошто не би се донела одлуката побрзо. Овој извештај е печат на нашите реформи, на досегашните успеси, во тешки услови, со многу напори, но исто така и методологијата е на некој начин е отворање на патот за почеток на преговорите. Дали ќе се случи во март или подоцна тоа е стратегија и на пристап на државите членки на ЕУ, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека нашиот став е оти датумот требаше да се донесе во октомври и оти „не гледаме причина зошто таа одлука не би се донела на првата наредна можност“, но дали ќе се донесе зависи од државите членки.

– Мислам дека за нас, за Владата, за јавноста, за граѓаните е најважно дека државата оди напред и се случуваат вакви тешки реформи, дури и во вакви предизборни периоди, рече националниот координатор за ЕУ, изразувајќи верување дека ќе добиеме датум што поскоро.

Овој Извештај, според Маричиќ, е уште една потврда на нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во ЕУ.

– Потврдени се успесите во се, а особено во делот на правдата и владеење на правото, рече тој.

Извештајот на ЕК, според Маричиќ, повторно ги препознава постигнатите реформи, и уште еднаш му препорачува на Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија. Се потврдуваат напорите за правење реформи и гарантирање на одржливи и опипливи резултатите во клучните области.

Според него, потврдени се успесите во сите зададени области, а особено тоа важи за судството. Маричиќ посочи дека во делот на судството е забележан значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството.

Извештајот нотира и засилено темпо на имплементација на реформите предвидени со стратегијата за реформа во правосудството, посочува тој, што претставува и адресирање на итните реформски приоритети уште од извештајот од Прибе, а наведува и донесување на некои закони. Тука се споменува и Законот за јавно обвинителство за што во извештајот има посебен дел и се наведува дека целта е да се обезбеди одговорност за прекршување на законите и целосно затворање на случаите што ги започна СЈО.

– Како добра пракса ЕК тука го нотира и разрешувањето на шест судии, вклучувајжи го и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје и одземањето на имунитетот на судија од Управниот суд, рече Маричиќ.

Во однос на втората област за безбедност и раразузнавање, Извештајот посочува на зајакнатиот надзорен капацитет и на Собранието кон службите.

Во третата област во Извештајот се посочува на реформите во јавната администрација и посочува на активностите за подобрување на напорите за отчетност и транспаретност во нивната работа, како и на напорите за дигитализација и обезбедување на основните услуги.

– Она што е важно за овој Извештај е што на неколку места, во клучни области и во правосудството и во борба против корупцијата, се посочува дека имплементацијата и опипливите резултати бележат напредок. Во овој Извештај се констатира многу повеќе од донесување на закони и усвојување на закони, истакна Маричиќ. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт