Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за попис е во согласност со највисоките стандарди

Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за попис е во согласност со највисоките стандарди
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието кажа дека од Евростат потврдиле дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји.

„По одговорот кој стигна од Евростат се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот“, потенцираше Маричиќ.

Министерот пред пратениците кажа дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево

Агенцијата за катастар со конкретни резултати во 2025 година: Над 1.040.000 решени предмети и целосно тековно работење