Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Должни сме будно да ги следиме реформите во правосудството

Маричиќ: Должни сме будно да ги следиме реформите во правосудството
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на прес-конференцијата по повод презентирањето на планот за проверки во правосудството, кажа дека со овој процес кој започнува во јануари ќе биде клучен за враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.

„Овој процес како на Влада и на Министерство ни е од исклучително значење и веруваме дека истиот ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, која во моментот е на загрижувачко ниско ниво. Ние не сакаме на било кој начин да правиме притисок врз судството и обвинителството, но должни сме да се грижиме и будно да го следиме процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од било какви притисоци ослободен правосуден систем. Тоа им го должиме на граѓаните“, кажа министерот Маричиќ.

Министерот за правда го нотираше делот од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во делот на правосудството, во кој се забележува дека како резултат на реформите, воспоставени се механизми кои обезбедуваат независност и отчетност на правосудството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!