Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во Стразбур ја потпиша Конвенција за борба против фалсификување лекови и Протоколот 16

Маричиќ во Стразбур ја потпиша Конвенција за борба против фалсификување лекови и Протоколот 16

Министерот за правда Бојан Маричиќ од име на Владата во Стразбур ја потпиша Конвенцијата на Совет на Европа за фалсификување на медицински производи и слични кривични дела кои претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Со овој документ Владата на Република Северна Македонија изразува подготвеноста да ги вгради највисоките стандардите од оваа конвенција во домашното законодавство со цел заштита на јавното здравјето, односно здравјето на граѓаните.

Имајќи предвид дека заканите по јавното здравје како резултат на фалсификувањето, трговијата со фалсификувани медицински производи и сличните кривични дела претставуваат глобален проблем со кој се соочуваат сите земји, Конвенцијата претставува ефикасен правен инструмент за размена на информации меѓу договорните страни и им обезбедува поддршка и асистенција на релевантните власти на национално и меѓународно ниво во спречувањето на кривичните дела што претставуваат закана по јавното здравје и заштита на здравјето на граѓаните.

Оваа конвенција влезе во сила на 1 јануари 2016 година и до сега ја имаат ратификувано 18 држави, а уште 17 држави ја имаат потпишано.

Во Франција Маричиќ го потпиша и Протокол 16 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи. Со него се уредува можноста највисоките судови во државата да побараат од Европскиот суд за човекови права да дава мислења за прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, односно судовите во земјата директно да комуницираат со ЕСЧП.

Министерот за правда овие важни документи ги потпиша со генералната секретарка на Совет на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ, на која и се заблагодари за одличниот прием и досегашната успешна соработка.

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско