Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во Брисел: Посветени на европската агенда, засилено спроведуваме реформи

Маричиќ во Брисел: Посветени на европската агенда, засилено спроведуваме реформи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности, Вера Јурова.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за реформите во земјава со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции.

Маричиќ на Јурова и ја пренел одлучноста на Влада да продолжи со европската агенда и дека земјава со засилено темпо ќе продолжи да ги спроведува реформите со цел носење на европските стандарди дома, а, како што рекол, тоа е и главната причина за носењето и спроведувањето на планот „Европа дома“.

Министерот за правда на потпретседателката на Европската комисија и го образложил и планот за дигитализација на македонското судство. Според Маричиќ, дигитализацијата и онлајн судењата ќе обезбедат побрзи постапки и континуитет на истите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најлошата економска политика во историјата – 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ вели Филипче

Лефков жестоко го нападна Апасиев: „Двојни стандарди и лицемерие на квадрат“

Жозеп Борел со силна поддршка за Бујар Османи во Чаир: „Лидер кој слуша, обединува и носи напредок“