Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Владеењето на правото и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет

Маричиќ: Владеењето на правото и еднаквиот пристап  до правдата се наш стратешки приоритет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда Бојан Маричиќ на настанот „Темелните права во 2020 година: Рефлексии и поглед напред“ кажа дека Владата демонстрирала посветеност за заштитата на човековите права преку донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во поглед на поголема заштита и унапредување на човековите права, министерот се осврна и на ратификацијата на Истанбулската конвенција, но порача дека реформите во областа владеење на правото се суштински за зголемување на правната сигурност на граѓаните и зголемување на довербата во правосудството.

„Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет. Почитување на човековите права и слободи не може да постои без квалитетни и сеопфатни реформи во судството и правосудниот систем и заштита на фундаменталните права. Поради тоа нужно е функционирањето на независно, непристрасно и непартизирано судство кое ќе може да гарантира соодветна заштита на човековите права утврдени со Уставот, меѓународните ратификувани документи и домашните закони“, истакна Маричиќ.

Северна Македонија веќе втора година како земја посматрач во Агенцијата за фундаментални права е опфатена со овој извештај, а во овогодишниот извештај фокусот е на влијанието на Ковид-19 врз темелните права.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ испрале два милиони евра преку наместен тендер во АД ЕСМ

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител