Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Вархељ: Мора да се направи исчекор во евроинтеграциите, сега е вистинско време за тоа

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска одржа состанок со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ, на кој низ конструктивен дијалог и во позитивна атмосфера разговараа за европската перспектива на земјава и за важноста за деблокирање на евроинтеграциите.

„Бевме и ќе останеме посветени на одржување на позитивни резултати во спроведувањето на реформите, како што е потврдено во последниот извештај на ЕК за земјата, и никој не може да го негира тоа. Веќе е време да се даде нов тек на нашата европска агенда и да ги започнеме преговорите со Европската Унија“, рече вицепремиерот Маричиќ.

На состанокот заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се единственото трајно решение за обезбедување траен мир и стабилност и на Западен Балкан и на Европа, и дека треба да се направи чекор напред во евроинтеграциите, во интерес на сите.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ја потврди поддршка на евроинтегративниот процес и го истакна неговото очекување дека со Бугарија да го изнајдеме најдоброто решение, во интерес на двете земји.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот укажа и на нашата посветеност на евроинтеграцискиот процес, брифирајќи го еврокомесарот Вархеј за работата и приоритетите на Секретаријатот за европски прашања, како и за потребата од затворање на прашањето со Бугарија и деблокирањето на евроинтеграциите на Северна Македонија.

„Постојаното одлагање на добивање датум за почеток на преговорите, се одразува на домашната политика, го зголемува евроскептицизмот, но и загриженоста за геополитичката стабилност“, истакна Маричиќ, додавајќи дека ние сме веќе докажан партнер на ЕУ и дека верува оти со Бугарија ќе се изнајде европско решение, кое ќе биде конкретен резултат и чекор до полноправно членство Северна Македонија во Европската Унија.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила