Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Македонија

Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Македонија
Img 7972

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

На средбата се разговараше за американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, а беа нагласени и важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот.

Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претстави на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите.

На крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакна дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција.

Амбасадорката Брнз на средбата упати честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот.​

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?