Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Бенгтсон: Почетокот на преговорите ќе ја интензивираат европеизацијата на Северна Македонија

Маричиќ – Бенгтсон: Почетокот на преговорите ќе ја интензивираат европеизацијата на Северна Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон и Јохан Хенриксон, заменик амбасадор на Шведска.

На средбата се дискутирало за реформските приоритети на Министерството за правда и Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, имајќи предвид дека наскоро се очекува почеток на преговорите и отворање на Поглавје 23 – Правосудство и темелни права.

„Министерот за правда Бојан Маричиќ се заблагодари на поддршката на Кралството Шведска во процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија и истакна дека пред себе има амбициозна агенда во поглед на отворањето на Поглавјето 23, но дека вистинскиот предизвик сепак претставува спроведувањето на законите. Министерот истакна дека почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23 ќе бидат вистински трансформативен процес и ќе ја интензивираат европеизацијата на државата“, соопштија од Министерството.

Маричиќ потенцирал дека главен приоритет на Министерството за правда е поддржување на независноста на правосудните органи, но и градење на систем на владеењето на правото со високи европски стандарди и почитување на човековите права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите