Утрински Весник
Свет

Марин Ле Пен ја напушта лидерската позиција во партијата за да се кандидира за претседателка на Франција

Марин Ле Пен ја напушта лидерската позиција во партијата за да се кандидира за претседателка на Франција

Француската крајнодесничарска политичарка, првиот човек на партијата „Национален собир“, Марин Ле Пен, до летоска ќе го напушти челното место во партијата, бидејќи ќе се кандидира на претседателските избори во 2022 година и сака да биде кандидат на сите Французи.

„Поради можноста за победа на изборите, која никогаш не била важна како денес, морам да бидам кандидат на сите што сакаат да ја водат националната борба“, рече таа, прашана дали може да потврди дека ќе се повлече од раководството на партијата.

Конгресот на партијата ќе се одржи на почетокот на јули. Тогаш треба да се потврди нејзината кандидатура за претседател.

Можете да прочитате

Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

Два индиски танкера успешно го поминаа Ормускиот Теснец

Сијарто: Не сум пренесувал на Русија информации за Европската Унија