Утрински Весник
Спорт

Маратонецот Кипсанг суспендиран по лажната приказна за одрон на патот

Маратонецот Кипсанг суспендиран по лажната приказна за одрон на патот

Поранешниот светски рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг доби четиригодишна суспензија од атлетиката поради пропуштање на три допинг-тестови и лажењето за причините за пропуштените тестови.

Кипсанг се бранеше за пропуштен допинг-тест со фотографија за одрон на пат и сообраќајна несреќа, пред да се утврди дека тој инцидент се случи три месеци подоцна. Кипсанг за четвртиот пропуштен тест на 17 мај 2019 тврдел дека задоцнил поради одрон во близината на кенискиот град Накуру, но фотографијата била направена три месеци подоцна.

Кипсанг освои олимписка бронза на ЛОИ во Лондон во 2012 година, а имаше победи и на маратоните во Токио, Њујорк, Берлин и двапати во Лондон (2012, 2014). Киспанг во 2013 година во Берлин постави светски рекорд од 2:03:23, кој беше срушен следната година од неговиот сонародник Денис Кимето (2:02:57).

> Маратонецот Кипсанг суспендиран по лажната приказна за одрон на патот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели