Утрински Весник
Спорт

Марадона оставил писмо, сакал да го балсамираат, па да го изложат во музеј

Марадона оставил писмо, сакал да го балсамираат, па да го изложат во музеј
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Диего Армандо Марадона (60) кој почина на 25 ноември во својот дом во Аргентина пред смртта напишал писмо кое било проследено до неговиот адвокат, Матијас Морли, јавуваат аргентинските медиуми.

Наводно, во писмото пишувало дека Марадона сака по неговата смрт да го балсамираат и неговото тело да биде изложено во музеј.

„По долго размислување, сакам да изразам желба моето тело по смртта да се балсамира и да се изложи во музеј, а да биде опкружено со сите трофеи кои ги имам освоено. Исто така, сакам да ги има и сите лични работи за да го чувствувам влијанието на сето тоа и на оној свет“ наводно пишува во писмото кое било потпишано на 13 октомври 2020 година.

Марадона почина пред помалку од еден месец, а вториот адвокат Марио Бодри смета дека идејата да се направи мавзолеј на Марадона не е невозможна.

„Тоа е нешто за што разговарав со брат му на Диего. Предлогот е сериозен и конкретен, но би бил обврска на фудбалскиот сојуз“ наведува Бодри.

> Марадона оставил писмо, сакал да го балсамираат, па да го изложат во музеј <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место