Утрински Весник
Спорт

Манчини се заложи за продолжување на сезоната во Серија А

Манчини сака да ги освои Мундијалот и ЕП со италијанскиот национален тим

Рим, 19 април 2020 (МИА) – Роберто Манчини, селектор на италијанската фудбалска репрезентација, го сподели своето мислење за евентуалното продолжување на сезоната во Италија.

– Според мене, спортот за контакт не е толку опасен, барем според статистичките податоци. Што се однесува до обновата на Серија А, веднаш штом се утврди дека 500 играчи кои учествуваат на натпреварите се заштитени и здрави, ќе може да се продолжи со одржување натпревари. Се надевам дека фудбалот ќе се врати во Италија и ќе и помогне на земјата да се опорави. Јас би сакал прво сезоната да заврши, а потоа ќе размислиме што ќе се случи следно, изјави Манчини за „Калчомеркато“.

Во Италија, како и во повеќето земји во светот, сезоната 2019/20 е суспендирана поради пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига