Утрински Весник
Спорт

Манчестер Јунајтед инсталира 1.500 метални бариери на „Олд Трафорд“

Манчестер jунајтед побара дозвола за 1.500 места за стоење на „Олд Трафорд“
Dik 300x250 mk

Манчестер, 29 април 2020 (МИА) – Англискиот гигант Манчестер Јунајтед доби дозвола од локалната општина да инсталира 1.500 бариери во посебен сектор на „Олд Трафорд“, потврди англискиот клуб.

Минатата година управата на „црвените ѓаволи“ ја презеде организацијата за реновирање на дел од својот клупски стадион, што ќе биде специјално наменет за фановите кои ќе стојат.

Малиот и посебен сектор се наоѓа на северо-источниот дел на „Олд Трафорд“.

Металните бариери ќе помогнат во безбедноста на навивачите за време на натпреварите.

Со години раководството на Јунајтед следи на кои делови од стадионот навивачите почесто се на нозе за време на натпреварите.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“