Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед дава најмногу пари за плати во Англија

Вредноста на Манчестер Јунајтед се намалила за над 1,2 милијарди фунти
Dik 300x250 mk

Манчестер, 12 јуни 2020 (МИА) – Екипата на Манчестер Јунајтед е клуб кој плаќа најголеми плати во Премиер лигата. Според „Делоит“ за сезоната 2018/2019 „црвените ѓаволи“ потрошиле 352 милиони фунти за платите на своите играчи и вработени. Тоа е 56 милиони повеќе од претходната сезона.

Единаесет фудбалери на Јунајтед земаат повеќе од 100.000 фунти неделно, а четворица заработија повеќе од 200.000 фунти секој.

На второто место по овој индикатор е Манчестер Сити. „Граѓаните“ платија 315 милиони фунти во форма на плати за минатата сезона. Челси е трет со 1 милион помалку, а скоро сигурниот шампион Ливерпул е на четвртото место со 310 милиони.

Топ 6 ги надополнуваат Арсенал и Тотенхем. Севкупно, екипите на „големата шесторка“ платија 1,7 милијарди долари минатата сезона.

Просечната годишна плата за целата Премиер лига е 158 милиони фунти, што значи дека платите на „Олд Трафорд“ се повеќе од двојно повисоки од просечните.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс