Утрински Весник
Македонија

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Досега имаме над 60.000 симнати апликации СтопКорона. Често повторувам дека бројката не е мала, но навистина очекувам да е поголема, особено сега во ова време кога се олабавени рестриктивните мерки но и кога имаме зголемен број на заразени и многу е важно да ги користиме сите можни алатки за идентификација на контактите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефикасноста на апликацијата, Манчевски апелираше до граѓаните да ја симнат апликацијата, бидејќи таа не користи никакви лични податоци.

– Во текот на оваа недела ќе објавиме и независна ревизија од страна на независни експерти на апликацијата, со што уште еднаш ќе ги увериме граѓаните дека е апсолутно безбедна за користење и таа само може да им помогне на епидемиолозите во пронаоѓање на контактите доколку некој се потврди дека е позитивен во претходните 14 дена, рече Манчевски. нд/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА: Пролетта 2026 во Македонија натпросечно топла

Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови