Утрински Весник
Спорт

Манененка тврди дека ѝ нуделе 60.000 евра да го „намести“  Ѓоковиќ

Манененка тврди дека ѝ нуделе 60.000 евра да го „намести“  Ѓоковиќ

Српскиот таблоид „Свет“ тврди дека на манеканката Наталија Шќекиќ и биле нудени 60.000 евра да спие со Новак Ѓоковиќ и да набави снимка со која подоцна би се уценувал светскиот рекет број 1.

„Ме повика човек од Белград и јас мислев дека е сериозен менаџер. Кога ми го кажа планот, мислев дека е скриена камера и почнав да се смеам. Планот беше пеколен – да се однесе Новак на некое интимно место и да го снимам тоа. Понудата беше меѓу 50 и 60 илјади евра и патување по мојот избор. Но, тоа беше навредливо. Не знам што ќе се случеше такво . да биде објавено во јавноста. Вистински хаос. Ѓоковиќ не го заслужува ова“, вели Шќекиќ.

„Свет“ тврди дека ова било план направен во Велика Британија за да се наруши имиџот на светскиот рекет број 1.

> Манененка тврди дека ѝ нуделе 60.000 евра да го „намести“  Ѓоковиќ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027