Тетово, 11 јуни 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден малолетничка од тетовско село заедно со нејзниот татко пријавила во СВР Тетово дека две машки лица физички ја малтретирале, ја допирале по телото и се обиделе да извршат обљуба.
-Според пријавеното настанот се случил на 9 јуни, вторник околу 23 часот. Двајцата пријавени вчера околу 15 часот се лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
Двете машки лица се на возраст од 21 и 25 години и се од истото место на живеење со малолетничката.ас/бт/