Утрински Весник
Македонија

Малолетници шетале на улица со ножеви и шипка

Полицијата приведе три малолетни лица од Тетово кои на  улицата Видое Смилевски Бато шетале со два ножа и метален предмет.

Од МВР информираат дека со нив, во присуство на нивните родители, во Полициска станица во Тетово бил извршен разговор.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок од Законот за оружје, информираа од МВР.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба