Утрински Весник
Македонија

Малолетници преку „Инстаграм“ ширеле снимки со девојче од Кочани

Малолетници преку „Инстаграм“ ширеле снимки со девојче од Кочани

Во кочанската полиција на 8 февруари, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил на „Инстаграм“ биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

31 годишен наставник од Битола осомничен за детска порнографија

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата