Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Скопје тешко повреден во сообраќајна несреќа

Малолетник од Скопје тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патнички автомобил, соопшти полицијата.

Имено, синоќа околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство