Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Малолетник од Неготино со џип направил хаос на паркинг, тешко повреден пешак

Малолетник од Неготино со џип направил хаос на паркинг, тешко повреден пешак
Img 7972

Во гевгелиската полиција, вчера во попладневните часови бил пријавен инцидент кој се случил на паркинг во Негорски бањи.

Како што информираат од МВР, теренско возило „ленд ровер“, со кавадаречка регистарација, управувано од малолетно лице од Неготино, удрило во паркиран автомобил „опел“ и во автомобил „фиат“, кој пак, удрил во уште едно возило – „фолксваген поло“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ѓ.З. (42) од Неготино, констатирани во медицински центар во Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелсиката полиција.

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост