Утрински Весник
Македонија

Малолетен мигрант пронајден во багажник на автомобил во Неготино

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот
Dik 300x250 mk

Малолетен мигрант бил пронајден во багажник на автомобил во Неготино. Возачот на возилото и другите мигранти кои биле во него избегале.

Според информациите на МВР, вчера во 12.30 часот кај тунелите на патот Удово – Демир Капија било забележано возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.

Подоцна возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци.

Пронајдениот мигрант бил задржан во прифатниот центар во Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената