Утрински Весник
Спорт

Малку пролетно сонце – Роналдо и Георгина на заслужен одмор

Кристијано Роналдо го искористи одморот кој Манчестер јунајтед им го даде на дел од фудбалерите, за мал одмор со Георгина Родригез на пролетно сонце. Роналдо објави заедничка фотографија на Инстаграм, но не ја откри локацијата.

Роналдо и Родригез неодамна објавија дека нивниот син почина при пораѓањето, откако тие очекуваа близнаци. По ова, тој го пропушти мечот против Ливерпул, но се врати за мечот со Арсенал, а беше дел и од тимот кој загуби со 4:0 од Брајтон, резултат кој значи дека Јунајтед не се квалификува за Лигата на шампиони следната сезона.

Последниот меч од сезоната, „ѓаволите“ го играат на 22 мај на гости кај Кристал палас.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

> Малку пролетно сонце – Роналдо и Георгина на заслужен одмор <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен