Утрински Весник
Спорт

Малиот Чоло се пресели во Наполи

Аргентинскиот напаѓач Џовани Симеоне и официјално пристигна на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

dobivaj vesti na viber

Симеоне во Неапол доаѓа на едногодишна позајмица вредна 3.500.000 евра, со опција Наполи да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 12.000.000 евра.

Така брилијантниот Виктор Осимен доби одличен партнер во врвот на нападот, Симеоне блескаше минатата сезона и постигна 17 гола во Серија А за Верона.

Наполи го доведе синот на тренерот на Атлетико Мадрид Диего како замена за Белгиецот Дрис Мертенс, кој како слободен играч замина во Галатасарај во Турција.

По официјализирањето на соработката со Симеоне во Неапол, очекуваат уште три големи засилувања со кои клубот ќе стави точка на преодниот рок.

Во наредните 48 часа, клубот ќе го засилат Џакомо Распадори и Танги Ндомбеле, а покрај овие двајца, Наполитанците се надеваат и на голманот на ПСЖ Кејлор Навас.

Преговорите околу трансферот на голманот од Костарика се во тек.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал