Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Малезиски принц ја купува Валенсија

Малезиски принц ја купува Валенсија
300x250 opst2

Се ближи крајот на катастрофалното работење, на Питер Лим во фудбалскиот клуб Валенсија. Клубот, кој сезонава ќе треба да се помачи за да остане во Ла Лига, го продава клубот, а потенцијален купувач би можел да биде малезискиот принц Тунку Исмаил Султан Ибрахим.

Престолонаследникот на една од 13 држави во Малезија, Јохор, бил подготвен да издвои 408 милиони евра за да го преземе клубот.

„Мотивот не ми е да правам пари, туку да испишам историја. Не сум нов во фудбалот. Основач сум на ЈДТФЦ, кој од кандидат за испаѓање го направив шампион. Освоив 16 трофеи за осум години. Ние сме најголемиот клуб во јужниот дел на Азија, ние сме еден од најголемите клубови во Азија“, рекол 38-годишниот Султан Ибрахим.

„Сакам да ја проширам мојата империја, да ги раширам крилјата, да одам кон нови предизвици. Не сум човек што би ја менувал традицијата или клупскиот грб. Тука сум поради успехот, славата, историјата. На Валенсија и е потребен некој што го познава фудбалот, некој што сака да успее, некој што ја разбира големината на клубот. Прв чекор ќе биде во Валенсија да ги вратиме фудбалските луѓе“.

Шпанските медиуми тврдат, дека Питер Лим, бил подготвен да ја направи трансакцијата, најмногу поради тоа што бил добар пријател со Султан Ибрахим.

Питер Лим, поради лошите потези, го донесе славниот клуб во долниот дел на табелата во Ла Лига. Валенсија, минатото лето не донесе ниту еден фудбалер, а клубот го напуштија девет играчи од стратната постава.

> Малезиски принц ја купува Валенсија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025