Утрински Весник
Спорт

„Макс не го казнија во Бразил, тоа значи дека и јас можам да бидам агресивен на патеката“

„Макс не го казнија во Бразил, тоа значи дека и јас можам да бидам агресивен на патеката“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Возачот на Ферари Шарл Леклер не е задоволен од одлуката на ФИА да не го казни Макс Ферстапен, за инцидентот во Бразил. Ферстапен, во обид да ја одбрани позицијата од Хамилтон, во 48 круг, го исфрли противникот од патеката. Леклер рекол дека, во иднина, ќе вози на поинаков начин, бидејќи од дирекцијата на трката не го казниле возачот на Ред Бул.

„Секогаш кога дирекцијата на трката донесе скандалозна одлука, тоа значи дека морате да се прилагодите и во иднина треба да возите на поинаков начин. Истото се случи и во 2019 година, по инцидентот во кој учествуваме јас и Ферстапен на Големата награда на Австрија. Подоцна на Силверстон го сменив начинот на возење. Тоа е случај и со другите возачи, сите возат во границите на дозволеното. Ако она што го направи Ферстапен во Интерлагос е дозволено, тогаш и јас ќе возам така“, рекол Леклер и дополнил.

„Мислам дека одлуките што ги носи дирекцијата на трките, ни кажуваат дека можеме да се тркаме жестоко, што е добро за навивачите. Доколку ова е дозволено, тогаш претекнувањето од надворешната страна ќе биде многу тешко“.

Ф1 шампионатот продолжува викендов со трката за Големата награда на Катар.

> „Макс не го казнија во Бразил, тоа значи дека и јас можам да бидам агресивен на патеката“ <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028