Утрински Весник
Свет

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од неговиот кабинет.

Во соопштението меѓудругото се вели дека Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на самитот на НАТО во Мадрид ја истакнале „важноста да се испрати порака за единство и сила“ за време на руската инвазија врз Украина.

Макрон го поздравил вчерашниот договор со Турција, поради укинувањето на блокадата за прием на Шведска и Финска во алијансата.

Двајцата лидери во Мадрид разговарале и за потребата да се најде начин да се дозволи извоз на украинско жито. Согласни се да продолжат да се координираат и да работат со ОН за постигнување услови за обезбедување на безбедноста на пристаништето Одеса и поморските конвои во Црното Море.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната