Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција ќе ја засили воената и хуманитарната поддршка за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор во саботата му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Франција ќе ја засили својата воена и хуманитарна поддршка за Украина, се вели во соопштението на француското претседателство.

Пред две недели Макрон изјави дека дотогаш Франција испратила воена помош во вредност од повеќе од 100 милиони евра за Украина, потсетува Ројтерс.

Макрон на Твитер напиша дека во интервјуто со Зеленски ја изразил својата решеност да го поддржи.

Покрај досега испорачаната воена опрема вредна 100 милиони евра, тој ветил дека ќе продолжи со таквата поддршка. Макрон нагласил дека Европејците ќе одвојат 1,5 милијарди евра за опремување на украинските сили.

Можете да прочитате

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади