Утрински Весник
Свет

Макрон: Следните шест недели се клучни за иднината на Либан

Макрон: Следните шест недели се клучни за иднината на Либан

Периодот од следните шест недели е клучен за иднината на Либан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Бејрут.

Макрон изрази подготвеност да биде домаќин на меѓународна конференција за помош на Либан кон средината на октомври, пренесува „Ројтерс“.

Либанските политичари, некои од нив поранешни воени команданти кои со децении учествувале во огромна државна корупција, се соочуваат со застрашувачките предизвици на економијата што пропаѓа по трагичната, разорна експлозија на 4 август во Бејрут, соопшти агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху

Мадуро испрати порака од притвор

САД почнале да планираат напад врз Иран, велат американски медиуми