Утрински Весник
Свет

Макрон: Се исплатеа единството и силата на Европа

Макрон: Се исплатеа единството и силата на Европа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го коментираше договорот за брегзит со Обединетото Кралство, нагласувајќи дека се исплатела обединетата и цврста позиција што ја зазела Европа.

„Единството и силата на Европа се исплатеа. Договорот со Обединетото Кралство е од суштинско значење за заштита на нашите граѓани, нашите рибари, нашите производители. Ќе се осигуриме дека е така“, на Твитер напиша Макрон.

Европската Унија и Велика Британија постигнаа договор за трговски односи по брегзит, седум дена пред Британија да ја напушти ЕУ. По постигнувањето на договорот, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека договорот е „фер“ и „избалансиран“ за двете страни, а британскиот премиер, Борис Џонсон, рече дека Велика Британија успеала да постигне најголем трговски договор досега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата