Утрински Весник
Свет

Макрон најавува нови мерки во Франција, во Париз максимално ниво на тревога

Нови мерки во Париз – само велосипедистите и рекреативците не мора да носат маска
Dik 300x250 mk

Францускиот претседател Емануел Макрон најави воведување нови ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако во Франција е забележано досега најголемо дневно зголемување на бројот на заболени од речиси 19 илјади.

„Кога вирусот циркулира со оваа брзина, нови ограничувања се неизбежни“, рече Макрон во интервју за двете најголеми француски телевизии, пренесува „Ројтерс“.

Мерките најпрво ќе бидат воведени во Лион и Лил. Францускиот министер за здравство Оливие Веран ќе ја објави одлуката на прес-конференција во текот на денот, кога станува збор за мерките во овие два града, но сè уште не е познато како ќе изгледаат новите ограничувања.

Претставници на Министерството за здравство не беа достапни за коментар, објави лондонски „Гардијан“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Париз и Марсеј го зголемија нивото на тревога на максимум. Први што го почувствуваа тоа беа кафулињата во француската престолнина, кои мораа да бидат затворени две недели, а рестораните требаше да бидат подложени на специјални санитарни прегледи за да останат отворени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим