Утрински Весник
Свет

Макрон најави попуштање на мерките

Макрон: Повеќе од 300 сириски исламисти пристигнале во Нагорно-Карабах преку Турција  
Dik 300x250 mk

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот, за до Божик продавниците, театрите и кината да можат да бидат отворени.

Попуштањето на мерките ќе им овозможи на граѓаните да ги поминат празниците со своите семејства, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој синоќа во телевизиско обраќање до нацијата, истакна дека поминал најлошиот период од вториот бран во Франција, но и дека угостителските објекти ќе мораат да останат затворени до 20 јануари, за да се избегне трет бран.

„Мораме да направиме се што е можно за да избегнеме трет бран, да направиме се за да избегнеме трет локдаун“ порача Макрон.

Тој додаде дека вакцинацијата, најпрво со најранливите групи на население, ќе започне кон крајот на декември или почетокот на јануари.

Рестриктивните мерки кои француските власти во повеќе градови ги воведоа на средината на октомври, не ги дале очекуваните резултати во спречување на пандемијата, по што на 30 октомври беше воведен строг локдаун, кој сепак е помалку рестриктивен од оној кој беше воведен меѓу 17 март и 11 мај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп