Утрински Весник
Македонија

Макрон: Македонскиот парламент повторно решително ја избра Европа

Се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон по денешното гласање во македонскиот парламент, со што се одобри францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Макрон напиша на Твитер дека со суверено гласање за предлогот на Франција на крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонскиот парламент повторно решително ја избра Европа.

„ Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска фаза во нејзиниот процес на пристапување во Унијата“ порача Макрон.

Можете да прочитате

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027

Облачно со локален дожд, на планините снег

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Визбегово