Утрински Весник
Македонија

Макрон има предлог за Македонија и Бугарија, но кога ќе дојде време за тоа

 

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија, со цел да се склучи билатерален договор. Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Скопје во Европската унија.

Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.

Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Северна Македонија“, соопшти француското претседателство.

Пет земји во моментов се официјално кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција.

Во 2019 година, Макрон, заедно со уште две земји-членки, стави вето на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, сметајќи дека не се исполнети условите за проширување на ЕУ со овие две земји.

Можете да прочитате

„Детонатор“ се враќа? Новиот закон ги затвора легалните, но отвора простор за нелегалните игри на среќа

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска, ниту национална пензија не ти дадоа“

Онколози од Скопје ќе вршат прегледи во Битола и Тетово – Пациентите со рак веќе нема да мораат да патуваат до главниот град