Утрински Весник
Свет

Макрон: ЕУ треба брзо да даде мислење за членството на Молдавија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака Европската унија брзо да даде мислење за апликацијата на Молдавија за членство во ЕУ.

На средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду, во Париз, Макрон изјави дека не може да се исклучи опасноста конфликтот меѓу Украина и Русија да се прелее во соседните земји, пренесе Ројтерс.

Откако Русија започна напад врз Украина кон крајот на февруари, стравува од можно прелевање на конфликтот во соседните земји.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада