Утрински Весник
Свет
Img 7972

Макрон го потврди убиството на шест Французи во Нигер

Макрон го потврди убиството на шест Французи во Нигер
300x250 opst2

Кабинетот на францускиот претседател, Емануел Макрон, потврди дека француски државјани, хуманитарни работници од НВО АЦТЕД, се убиени во напад во Нигер, западна Африка, пренесува „ЦГТН Африка“.

Во соопштението се наведува дека Макрон телефонски разговарал со нигерискиот претседател Махамад Исуфу.

Напаѓачи на мотоцикли вчера убиле шестмина француски државјани и нивните нигериски водич и возач во национален парк во регионот Куре во Нигер, соопшти висок официјален претставник и безбедносен извор. Сè уште не е јасно кој стои зад нападот, но џихадистичките групи стануваат се поактивни во Нигер.

Француската влада советува да не се патува во големи делови на Нигер, поранешна француска колонија. Заканата од тероризам, особено надвор од главниот град Ниами и во близина на границите, е голема, велат од француската влада.

Милитантните групи, вклучително и Боко харам, дејствуваат во областа и насилството од страна на групи поврзани со Ал каеда и Исламската држава е во пораст во регионот Сахел.

Франција ја предводи коалицијата од западноафрикански и европските сојузници против исламистичките милитанти во регионот од јуни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа