Утрински Весник
Македонија

Макрадули во Битола: Заштитата на животната средина-приоритет за сегашните и идните генерации

Макрадули во Битола: Заштитата на животната средина-приоритет за сегашните и идните генерации

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска беше во работна посета на Општина Битола, каде Градоначалничката Наташа Петровска го информираше за преземените активности во областа на животната средина и вложените инвестиции.

Тие заеднички ја посетија пречистителната станица за селата Магарево и Трново, проект финансиран од страна на Европската Унија, во вредност од 9.018.336,00 денари, имплементиран преку партнерот УНДП. Воедно, Петроска посочи дека со средствата од Министерството за животна средина во висина од над 3 милиони денари, се направи дел од колекторскиот систем на потегот од местото Црвени Петли до хотелот Шумски фенери, а со средства од Општина Битола во вредност од 17 милиони денари се направи потегот од Шумски Фенери до трафостаницата и испустот од пречистителната станица до реципиентот. Таа истакна дека поставувањето на приклучоци кај индивидуалните домови е веќе при крај од страна на КЈП „Нискоградба“.

Сумарно, во овој дел од потпелистерието, за заштита на животната средина издвоени се над 32 милиони денари, или над 521.000 евра.

При посетата на инфоцентарот на НП „Пелистер“, Макрадули и Петровска се сретнаа со директорот Амет Алиу и разговараа за тековните проекти и заштитата на животната средина во рамките на најстариот национален парк во државата, како и за меѓуграничната соработка со Грција и Албанија.

Петровска, како најнов момент, нагласи дека е одобрен проектот за реконструкција на локалниот пат за селото Магарево.

Текстот Макрадули во Битола: Заштитата на животната средина-приоритет за сегашните и идните генерации е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани