Утрински Весник
Македонија

Макпрогрес и Дониа донираа 300 илјади денари на битолскиот Центар за јавно здравје за создавање услови за тестирање за ковид-19

Макпрогрес и Дониа донираа 300 илјади денари на битолскиот Центар за јавно здравје за создавање услови за тестирање за ковид-19

Виница, 11 мај 2020 (МИА) – Компаниите Макпрогрес и Дониа му донираа 300 илјади денари на Центарот за јавно здравје Битола, за да помогнат да се обезбедат услови за тестирање за ковид-19.
-Ние како корпорација заедно со Дониа од Прилеп, како одговорни чинители во оваа наша заедница позитивно одговоривме на барањето на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за донација на финансиски средства со цел обезбедување на услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19. Како никогаш до сега сме исправени пред предизвикот кој нанесува огромна штетa и човечкa и материјалнa. Последиците со кои се соочуваме, но и допрва ќе се соочуваме од нас бараат да се бориме сите заедно и да создадеме побезбедни услови за живот и работа, потенцираат од компанијата Макпрогрес.
Оваа донација, како што се наведува во соопштението од компаниите, ќе биде од особено значење за ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, како превентивна здравствена установа и дијагностика, во реализација на напорите да обезбеди услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на ковид-19 во нивната молекуларна микробиолошка лабораторија.
-Придобивките од почетокот на тестирањата се од големо значење за животот и здравјето на населението од регионот што го покрива ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар), како и за воспоставување, колку што тоа е можно, нормално функционирање на сите субјекти во овој регион, додаваат од Макпрогрес. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор