Утрински Весник
Магазин

Маклс Даглс стана дедо по вторпат

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мајкл Даглас сподели ретка фотографија од својот син Камерон и неговото мало семејство.

76-годишниот актер се огласи на Инстаграм во средата, откако синот Камерон (42) и неговата партнерка Вивиен Тајбс, го пречекаа своето новороденче Рајдер претходно оваа недела.

Споделувајќи симпатична семејна фотографија на која се појавува и тригодишната ќерка на парот, Луа, Даглас напиша: „Честитки за Камерон и Вивиен! Добредојде на свет, Рајдер Т. Даглас!“ Објавата ја заврши со хаштагот Горд дедо.

Сопругата на Даглас, Кетрин Зета-Џонс (51) исто така им честиташе на Камерон и Вивиен. „Се роди нов Даглас !!!!! Добредојде во светот, Рајдер Т. Даглас,“ напиша таа на фотографијата што ја сподели на Инстастори.

Камерон имаше доста проблематичен живот со зависност од дрога во раните тинејџерски и дваесетти години. Татко и син: фотографија од 2018 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Цел ден забава и вечер за паметење пред Cevahir Mall

Цел ден забава и вечер за паметење пред Cevahir Mall

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT