Утрински Весник
Спорт

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.

Првите два натпревари, Македонија ги одигра во Букурешт, на 13. и 17.јуни против Австрија односно Украина.

Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво.

Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри.

> Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026