Утрински Весник
Економија

Македонско-руска стопанска комора: Членството во НАТО не треба да биде пречка за економски односи со Русија

Македонско-руска стопанска комора: Членството во НАТО не треба да биде пречка за економски односи со Русија

Македонија и Русија одбележуваат 16 години од Македонско-руската стопанска Комора.

По 16 години постоење оваа комора делува во нови услови во кои се најде земјава, без да го запре својот развој, велат членови на Комората.

Според нив, приближувањето до Европската Унија и членството во НАТО не е и во иднина не треба да биде пречка за градење на економски односи со партнери од Руската Федерација, ниту пак пречка за привлекување на руски капитал во земјава.

„Такви примери веќе постојат и доволно е само да ги наброиме земјите од нашата поблиска околина, како што се Словенија, Турција, Бугарија, Унгарија Грција итн. сите членки на ЕУ и НАТО, а во исто време со одлична економска соработка со Руската Федерација“, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-Руската Стопанска комора.

Според него, податоците за размената во изминатата кризна година на компаниите од двете земји најдобро го потврдуваат интересот на деловните луѓе од двете земји да ги развиваат меѓусебните бизнис релации.

„Во услови на светска пандемија минатогодишната размена на Република Северна Македонија со Руската Федерација токму е една од светлите точки во трговијата на земјава на странските пазари. Македонските компании на рускиот пазар пласираа стока во вредност од 60,3 милиони американски долари, што е за над 8 милиони долари долари повеќе отколку во 2019 година. Со ваквиот резултат остварен е пораст од 15,8 отсто и тоа кога македонскиот извоз на светските пазари лани бележи значајно послаби резултати отколу“, рече Бешлиев.

За одбележување е фактот, како што додава Бешлиев, дека вкупната трговија на македонските и руските компании во 2020 година ја достигна вредноста од 207,75 милиони американски долари , што е раст од 6,8 отсто во однос на претходната 2019 година.

Според него, Руската Федерације е 18-от трговски партнер на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија