Утрински Весник
Македонија

Македонското семејството со бебето на пат да ја напушти Украина

Македонското семејството со бебето на пат да ја напушти Украина

Министерот за наворешени работи Бујар Осамни информираше дека семејството Спирковиски кое беше заглавено во Хараков со новороденче старо неколку дена е на пат да ја напушти Украина.

„Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина. Тие со на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје“ – напиша Османи на „Фејсбук“.

Во Хараков, градот кој е најмногу погоден од воените дејствија веќе нема македонски државјани информираше Осамни.

 

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

ЦУК: Активни се четири пожари, сè уште гори и на „Дрисла”