Утрински Весник
Свет

Македонски државјанин ограбен на одмор во Драч

Македонски државјанин ограбен на одмор во Драч
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонски државјанин и неговата сопруга биле ограбени додека престојувале на одмор во Драч, Албанија.

Како што објавија албанските медими, ним од страна две лица и под закана со пиштол им биле украдени 6.000 швајцарски франци и автомобил од марката „ауди“.

Сопругот е Албанец од Македонија кој имал и швајцарски пасош, а како што јавува „топ ченал“, тој бил со постојано живеалиште во Швајцарија.

Тој се паркирал пред маркет во Драч, а во него останала неговата сопруга. Двете лица ѝ се приближиле и под закана ѝ ги зеле парите. Потоа ја истуркале од автомобилот, влегле внатре и побегнале со возилото.

Албанската полиција ги уапсила крадците. Станува збор за жители на Драч, на возраст од 40 и 33 години, а приведено е уште едно лице од кое побарале да им помогне да се засолнат.  Пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија