Иновативните софтверски решенија за спортско обложување и врвната експертиза е она што на македонската ИТ компанија BtoBet ѝ обезбеди конкурентска предност и можност да застане рамо до рамо со водечките светски компании од “iGaming” индустријата. Оттука, домашниот провајдер на софтвер за спортско обложување BtoBet, чиј центар за технолошки развој е со седиште во Северна Македонија, станува една од трите најдобри ИТ компании за софтвер за спортско обложување и онлајн казино во светот.
Компанијата, инаку, е основана во 2014 г. и во овие седум години станува еден од глобалните лидери во индустријата за развој на софтвер за електронско спортско обложување и онлајн казино, успешно функционирајќи и соработувајќи со голем број партнери и клиенти од целиот свет, преку своите претставништва во Северна Македонија, Италија и Гибралтар. Целосниот развоен процес се спроведува во канцелариите во Скопје, Битола и Охрид, од страна на искусен тим од близу 80 ИТ експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе различни области.
За главен продукт на компанијата се смета платформата “Neuron”, базирана на напредна технологија, која успешно ги задоволува растечките барања на спортските обложувалници и онлајн казината ширум светот, обезбедувајќи им уникатна вредност – технолошка флексибилност, брз раст и ограничување на ризикот во висококонкурентната iGaming средина.
По неколку години самостојно функционирање, минатата година, BtoBet ѝ се приклучи на реномираната групација Aspire Global, лидер во глобалната “iGaming” индустрија која котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра. Ова партнерство се покажа како важен чекор во стратегиите за раст на двете компании, отворајќи нови можности за освојување на европскиот и пазарот во Северна Америка, а преку кое BtoBet ја задржа својата лидерска позиција на пазарот во Африка и Латинска Америка.
По аквизицијата, од Aspire Global истакнаа дека консолидирањето со BtoBet било клучно во обезбедувањето предност на групацијата во однос на конкурентите, што го потврдува и досега најголемиот раст на приходите, забележан во вториот квартал годинава, со што групацијата е чекор поблиску до остварување на своите финансиски цели за 2021 година.
Како дел од својата развојна стратегија, BtoBet континуирано склучува нови партнерства со етаблирани компании од индустријата, благодарение на своите производи и услуги кои се целосно усогласени со регулираните пазари на светско ниво.
Покрај бројните признанија, BtoBet е добитник на престижните SBC и CEEGC награди во индустријата.
(ПР текст)