Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Македонскиот полициски синдикат ги повика членовите да не се ставаат во функција на политички партии

Македонскиот полициски синдикат ги повика членовите да не се ставаат во функција на политички партии
Img 7972

Македонскиот полициски синдикат преку соопштение ги повика своите членови да не се ставаат во функција на политичките партии.

„Како единствен репрезентативен синдикат, кој се грижи за своето членство, сакаме да ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија, која го уредува спроведувањето на изборниот процес. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.

Само со професионален пристап и професионално работење за време на локалните избори 2021 година ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните што тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја.

Безбедносните служби мора да бидат надвор од партиските влијанија затоа што само деполитизирани безбедносни служби може да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.

Истовремено, ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со „нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперн глас и растреперни раце“ бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на Синдикатот и безбедносните служби.

На крајот, ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив и да не потклекуваат на  какви било притисоци од кого било во делот на нивната приватна политичка определба“, се наведува во соопштението.

Тие велат дека како Македонски полициски синдикат ќе ги штитат своите членови со сите средства што им стојат на располагање.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму