Утрински Весник
Македонија

Македонска Каменица со прекуграничен проект ќе гради противпожарни кули за рана детекција на пожари

Македонска Каменица со прекуграничен проект ќе гради противпожарни кули за рана детекција на пожари

Македонска Каменица, 13 март 2020 (МИА) – Започна постапката за изградба на противпожарни кули за рана детекција на пожари на територијата на Општина Македонска Каменица.

За таа цел градоначалничката Соња Стаменкова, заедно со претставници на Министерството за локална самоуправа, командирот на Територијалната противпожарна единица и директорот на Јавното претпријатие „Камена Река“, кое е носител на проектот, ја посетија предвидената локација за изградба на противпожарната кула во село Саса.

– Противпожарната кула за рана детекција на пожари на територијата на Општина Македонска Каменица ќе биде изградена да детектира шумски пожари во радиус од 20 километри. Со ова Општина Македонска Каменица преку обезбедени средства од европските фондови продолжува да работи на заштита на природата и животната средина, соопшти Стаменкова.

На прелиминарниот состанок, како што додаде градоначалничката, беше утврдена и понатамошната постапка и динамика на реализација на проектот.

Проектот ќе се реализира како дел од програмата за прекугранична соработка, која Македонска Каменица ја има со бугарската Општина Невестино. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор