Македонска Каменица, 20 јуни 2020 (МИА) – Поради настанат дефект на главната водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица во поголемиот дел од денешниот ден ќе бидат без вода за пиење.
Од Јавното претпријатие ,,Камена Река” информираат дека екипи од раните утрински часови се на терен и работат на санирање на дефектот.
– Поради специфичноста на дефектот, поправката на истиот започна во раните утрински часови. Апелираме до граѓаните за рационално користење на резервните количини вода, во спротивно првин високите, а потоа и ниските делови ќе останат без вода за пиење, информираат од претпријатието.
По санирањето на дефектот, како што додаваат водата за пиење ќе биде дезинфецирана.
– По повторното враќање во функција на водоводната мрежа ќе се изврши хлорирање на водата со цел нејизно безбедно користење од страна на граѓаните, додаваат од ЈП ,,Камена Река”.
Во текот на летото се препорачува рационално користење на водата од страна на жителите, при што се апелира граѓаните редовно да го пријавуваат евентуалниот недостиг од вода. вс/сп/