Утрински Весник
Спорт

Македонската репрезентација попладне ќе ги добие противниците во квалификациите за ракометното ЕП 2022

Македонската репрезентација попладне ќе ги добие противниците во квалификациите за ракометното ЕП 2022

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација попладне ќе ги дознае противниците за квалификациите за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка во период од 13 – 30 Јануари 2022.

Извлекувањето на групите ќе почне во 17 часот. Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето репрезентациите се поделени во четири шешири.

Шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.

Шешир 2: Австрија, Белорусија, Португалија, С. Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.

Шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска, Белгија.

Шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.

Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групата.

Директен пласман на ЕП 2022 обезбедија репрезентациите на Унгарија (домаќин), Словачка (домаќин), Хрватска и Шпанија (финалисти на ЕП 2020), додека 32 репрезентации ќе се борат за преостанатите 20 слободни места за ЕП 2022. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност