Утрински Весник
Спорт

Македонија ја победи Италија со „бомбата“ на Трајковски и ќе игра за СП

Македонија ја победи Италија со „бомбата“ на Трајковски и ќе игра за СП

Александар Трајковски постигна златен гол за Македонија и погоди за победа на гостувањето во Палермо кај актуелниот европски шампион, Италија.

Македонската одбрана беше на висината на задачата иако во текот на целиот натпревар Италијанците ја имаа иницијативата и постојано напаѓаа.

Сепак, во судиското продолжение пред крајот на натпреварот (92. минута), нашиот напаѓач со прекрасен удар од далечина го матираше голманот Џанлуиџи Донарума и предизвика молк меѓу италијанската публика на стадионот „Ренцо Барбера“.

Македонија ќе игра во вторник против Португалија во финалето на плеј-офот за пласман на Светско првенство и само еден чекор ја дели од место во Катар. Репрезентацијата предводена од, за многумина, најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо во вториот бараж од истата група ја совлада Турција со 3:1.

> Македонија ја победи Италија со „бомбата“ на Трајковски и ќе игра за СП <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара